Хорнер: Red Bull Powertrains ќе има капацитет да снабдува повеќе тимови

Кристијан Хорнер вели дека Red Bull Powertrains на почетокот ќе се фокусира на двете екипи на компанијата за енергетски пијалоци во Формула 1, но потоа ќе има капацитет да снабдува дополнителни тимови.

Ред Бул и сестринскиот АлфаТаури во моментов користат агрегатни единици испорачани од Хонда, но тој договор ќе заврши по сезоната во 2025 година, непосредно пред воведувањето на идните регулативи за погонски единици на Формула 1. Последователно, од 2026 година, двата тима ќе се напојуваат од единици развиени од Red Bull Powertrains (РБПТ) кои ќе добиваат информации од Форд, помагајќи со батеријата и хибридна технологија меѓу другите технички аспекти.

Сепак, 2026 година, исто така, ќе го означи почетокот на ограничувањето на трошоците за добавувачите на агрегатни единици во Формула 1, ограничување што ќе функционира заедно со буџетските ограничувања на тимовите. Но, спротивно на своите конкуренти кои најверојатно ќе треба да отфрлат дел од нивните човечки ресурси за да ја исполнат идната граница, РБПТ ќе може соодветно да ја зголеми својата работна сила.

Сега имате ограничување на трошоците – објасни Хорнер.

Значи, за разлика од шасијата каде што моравме да дојдеме до стрмна надолна крива на трошоци, од оваа страна успеавме да го обликуваме бизнисот до она што ќе биде граница.

Уште во Март, Хорнер потврди дека се сретнал со шефот на Мекларен, Зек Браун, за да разговараат за потенцијалниот договор за снабдување со мотори помеѓу Red Bull Powertrains и тимот со седиште во Вокинг, додека друг тим од Формула 1, кој одби да го именува, исто така бил во контакт со РБПТ. Но, британецот инсистира дека РБПТ најверојатно ќе се фокусира исклучиво на сопствените тимови на Ред Бул на самиот почеток.

Мислам дека на почетокот ќе обезбедиме само два тимови затоа што, како старт-ап, како сосема нов производител на мотори, мислам дека би било претерано да се прошириме ако отидеме подалеку од тоа – рече тој.

сакаме да се фокусираме прво на сервисирање на двата тима на Ред Бул. Имавме голем интерес од други тимови, најмалку два тима покажаа интерес, Но сèуште не сме подготвени за тоа.

Сепак, Хорнер призна дека во иднина, РБПТ ќе има можност да снабдува дополнителни тимови.

Имаме капацитет да преземеме дополнителни тимови доколку сакаме во следните години, но веројатно во првите неколку години сакаме да се фокусираме само на тимовите во сопственост на Ред Бул додека го воспоставуваме бизнисот, операциите покрај патеката, работите за снабдување и испорака на мотори во конкурентна средина и се останато – рече тој.

Според прописите на Ф1, секој производител, вклучително и РБПТ, може да биде повикан од ФИА и да склучи договор за снабдување доколку на другите му биде одбиен договор за снабдување од добавувачите на мотори на Ф1. Сепак, Хорнер смета дека таков случај е далеку од реалноста за РБПТ.

Тие би можеле да го направат тоа. Малку е веројатно дека тоа би го направиле кај новодојденец, освен ако неколку други производители не се повлечат. Има обврска во регулативата доколку се повика, но мислам дека таа веројатност е нула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ