Хулкенберг одбил да биде резерва во Мерцедес

Германецот Нико Хулкенберг ја одбил понудата да биде резервен возач на фабричкиот шампионски тим на Мерцедес.

Откако прикажа импресивни перформанси како замена за Серхио Перез на Силверстон, Тото Волф најави дека е можна некаква позиција за поранешниот возач на Рено, но Нико Хулкенберг ја одби таа улога.

Седев на возачкото место 10 години и затоа не би прифатил ништо помалку од тоа бидејќи нема смисла за мене – дециден е хулк.

Иако нема возачко место за него оваа година, тој најавува дека ќе биде подготвен да вози доколку некој го побара тоа од него оваа “корона година“.

Со пандемијата секогаш може да се случи нешто добро. Останувам во форма и се подготвувам, Но не верувам дека ќе се случува секоја година. Работам на мое враќање во 2021 година – објасни германецот.

Има гласини дека Хулкенберг би можел да го замени Алекс Албон во Ред Бул кој има доста проблеми.

Нико ми појасни дека е достапен наредната сезона. Тоа не значи дека ќе вози за Ред Бул. Секој возач сака да дојде во нашиот тим и треба да имаме десет достапни болиди – велат од милтон кинс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ