Шишенцето за течност на Хамилтон не работело за време на трката

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, откри дека негиот поход по 2то место на Француското Гранд При било направено со откажано шишенце за течнст поради кое седумкратниот поранешен шампион немал вода во текот на трката.

Откако Шарл Леклер заврши во оградата и донесе безбедносно возило, Хамилтон доби позиција, се возеше на 2ро место кое го зачува до крајот на трката и заврши 10 секунди зад победникот Верстапен. По трката тој беше изменоштен во собата пред подиумот и откри дека негово шише за течност не работело за време на настанот.

имавме одлично време, но трката ми беше многу тешка затоа што не ми работеше шишенцето за течност. дојдовме до фантастичен резутат иако бевме многу далеку зад ред бул и ферари цел викенд.

издржливоста и квалитетот се секогаш силни страни на мерцедес и морам сино да им честитам на сите во екипата, на патеката и во двете фабрики атоа што без нив немаше да дојдеме до овој подиум. џорџ исто така беше фантастичен денеска.

не видов кога се мерев, но веројатно загубив околу три килограми така што ќе испијам многу течност – посочи луис.

Тој беше задоволен од својот 4ти последователен подиум сезонава и прв двоен за тимот годинава откако Расел заврши на 3то место. Исто така, неговиот оптимизам се должи на тоа што покажае дека може да се носат со водечките две екипи на трка, а во врска со очекувањата од следната трка на Хунгароринг, тој изјави:

ќе биде тешко да се победат ред бул и ферари затоа што оигледно е дека сеуште имаат предност, но се надевам дека ќе донесеме новини кои ќе не доближат повеќе до нив. видовте дека во трка сме поблиску у оптимисти сме дека можеме уште.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ