Јос е фрустриран од превртливите белгијци

Јос Верстапен изјави дека не е среќен што белгиските медиуми наеднаш почнале да гледаат на Макс Верстапен како на нивен шампион. 

Макс се трка под холандско знаме иако Јос е роден во Белгија и неговата мајка е белгијка. Верстапен постариот е незадоволен бидејќи Белгија до сега не покажала интерес за Макс се додека не станал шампион. 

Сега сите сакаат дел од Макс и Тоа е добар комплимент. Тој е одличен и во болидот и надвор од него. Јас сум горд на него, Но не можам да сфатам како тоа одеднаш Макс е белгиец. Со години се тркаме и никој до сега не напишал такво нешто и оддеднаш тој е нивен. Не го сакам тоа – изјави лутиот јос.

Верстапен постариот објасни дека тој е горд што е холанѓанец иако има двојно државјанство благодарение на своите родители. 

Макс има двојно државјанство бидејќи јас и Софи бевме во брак кога тој се роди. Тој се трка со холандска лиценца и повеќе е холанѓанец отколку белгиец, Така се чувствува.

Доколку играат Холандија против Белгија, тој ќе биде портокалов. Има право на избор и избра да е холанѓанец. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ