Јос со пофалби за Макс: Ги претекна сите лесно како што само тој знае

Јос Верстапен го пофали тимот на Ред Бул за нивните стратешки одлуки за време на Големата Награда на Унгарија, како и напорите на неговиот син Макс, кој победи на трката.

Јос Верстапен беше полн со пофалби за неговиот син и тимот на Ред Бул по деветтата победа сезонава на Макс Верстапен во Унгарија. Актуелниот првак ја зголеми предноста во шампионатот на 80 поени откако победи на Унгарското ГП стартувајќи од 10то место на гридот.

Таткото на Макс, Јос, коментираше дека немало потреба да му дава совет на Макс кој стартуваше од петтиот ред.

Тој заврши фантастична работа – вели Јос.

Не треба ништо да му кажам, доброто е што тој се разбира себе.

Јос смета дека перформансите на тимот и возачот се клучни фактори за победата.

Мислам дека стратегијата беше добра, стартувајќи со вистинските гуми, застанувајќи во вистински момент, лесно поминувајќи ги возачите околу него, како и секогаш.

Имавме добар тркачки болид. Можевме да го видиме тоа веќе се во квалификациите. Темпото беше присутно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ