Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери, откри дека во Маранело нема паника и покрај 5та последователна победа во 1-2 стил за нивните конкуренти од МЕрцедес.
Дел од италијанските медиуми пренесоа дека во трофејниот италијански тим владее криза откако новиот мотор и новите аеродинамички делови не им донесоа доближување до Мерцедес во Шпанија.
нема паника. моја работа е да ги спречам гласините од ширење, а работа на тимот е да се консолидира и подобри.
сигурен сум дек матиа биното ќе најде решение. имаме два важни денови за тест и сигурен сум дека брз ќе се вратиме во форма.
немам кристална топка и не можам да кажам кога ќе најдеме решение, но сигурен сум дека тестирањето ќе помогне – изјави камилиери за италијанска La Gazzetta dello Sport.
Сепак, првиот човек на компанијата призна дека и следната трка во Монако може да биде многу тешка за тимот.
има многу тесни и бавни кривини, слично како третиот сектор во барселона каде имавме проблеми цел викенд – најави камилиери.