Марк Вебер изјави дека неговиот поранешен колега од Ред Бул, Себастијан Фетел е на крстопат во својата тркачка кариера.
Германецот е предизвикан од младиот и многу брз колега, Шарл Леклер и е под притисок од фановите и медиумите поради многуте грешки и недостатокот на победи во 2019 година.
Марк Вебер кој беше колега со Фетел кога тој ги освои четирите титули со Ред Бул и смета дека ќе има некоја промена.
Се е можно во Формула 1. Збунувачко е бидејќи е агресивен и гладен за победи, Но некогаш е релаксиран и како да не се очекува од него повеќе.
Тој треба да одлучи што сака во наредните години. Потребна е фина линија за да се успее.
Дефинитивно е на крстопат во кариерата. Само Себ го има одговорот, Но покрај тоа едно е сигурно, Ферари мора да бидат подобри.