Рикардо лут што публиката се радувала на сударот на Луис

Даниел Рикардо бара од гледачите на трка да се однесуваат покултурно како вистински фанови на спортот одошто да слават на сударите и излетувањата како што тоа го направија по сударот на Луис Хамилтон на Т3 во Белгија.

Австралијанецот не бил воопшто задоволен од радоста на фановите по сударот на Хамилтон и смета дека тоа едноставно е недостаток на почит.

без разлика дали ви се допаѓа некој или не, не е убаво да се радувате на нечиј пад или грешка. Луѓето мислат дека со секој судар ние сме добри и немаме проблеми, но не е баш така.

секое наше излегување на патеката е ризик, секое удирање во ѕид уште поголем ризик без разлика дали сме во ред потоа или не. секоја несреќа се случува “каша“ во нашиот мозок.

секое враќање на кривината на која сте излетале има нешто психолошко и на некој начин има влијание на нас, ментално или физички. се додека фановите не се тркаат и не се во наша кожа, не може да разберат што ние чувствуваме додека возиме на патеката.

природно е да се однесувате така во спорт во кој не се натпреварувате, тешко е да се разбере во целост. се што може да побараме доколку сте фан, вистински фан, да покажете почит кон она што го правиме затоа што ризик секогаш постои. тоа е се што бараме – смета рикардо.

Тој не се сеќава дека некогаш фанови славеле некој негов судар и смета дека такво однесување повеќе им прилега на деца одошто на возрасни.

никогаш не го посакувам на никого тоа што го искуси луис. не мора да ги сакате сите возачи, но такво однесување очекувам од деца не од возрасни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ