Биното: Изненадувачки е колку е брз Леклер, неверојатно брз

Тимскиот шеф на Ферари, Матија Биното, признава дека е изненаден од неверојатната брзина која ја прикажува Шарл Леклер откако младиот возач стигна до 4та последователна пол позиција на Руското Гранд При.

Леклер беше на свое ниво во постигнувањето на шеста пол позиција годинава, 4та по ред, достигнување кое последен пат се случило за возач на Ферари во 2001 година, од страна на Михаел Шумахер. Но уште поизненадувачки е неговата предност пред останатите, неверојатни 4 десетинки.

Во интервју за Sky F1, по квалификациите во Сочи, Биното го призна следното:

Ме изненадува колку е брз, тој е неверојатно многу брз. Тоа е одлично и важно за тимот, кога може да сметате на возач кој е толку брз, кој дава се.

Секако на трки каде не бевме најдобри, тој успева да компензира, а во трките учи, учи многу брзо како да ги менаџира пневматиците, како да ја менаџира целата трка.

Мерцедес изгледа дека не ги поседуваат коњските сили на Ферари во овој период од сезоната, но тие сепак успеаја да го вметнат својот болид помеѓу двајцата возачи на Скудерија и ќе стартуваат со медиум пневматици, додека Ферари на софт.

Тоа не изненади, нивниот избор, тоа не го очекувавме, ако сум искрен. Мислам дека треба да го анализираме нивниот избор.

Сметаме дека софт пневматиците ќе имаат предност на стартот, тоа ќе биде клучно утре. Различните стратегии може да доведат до поинтересна трка за фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ