Контроверзијата во врска со моторот на Ферари продолжува, а техничкиот персонал на Федерацијата запленила делови од системот за гориво на СФ90 болидот на Ферари во Бразил. Истото било направено и со деловите на муштериските болиди.
Конкуренцијата беше загрижена за легалноста на моторот на Ферари и побараа од ФИА појаснување на правилата, по што Федерацијата објави техничка директива со појаснување околу правилата кои треба да се почитуваат. Втора техничка директива беше објавена минатиот викенд во Бразил, а доминантните перформанси на Скудерија магично ги снема.
Според германски Auto Motor und Sport, по трката во Бразил ФИА запленила делови од Системот за гориво на болидите на Ферари како и од еден болид кој само користи нивни мотор.
деловите се земени за испитување во лабораторијата на фиа – пишува Auto Motor und Sport.