Роси си го проба седиштето пред замената со Хамилтон

Седумкратниот шампион во МотоГП, Валентино Роси, ја заврши пробата на седиштето во болидот на Мерцедес пред планираната замена со Луис Хамилтон, кој ќе има можност да ја вози неговата Јамаха.

Двете звезди во моторспортот ќе ги заменат возилата следната недела на патеката Рикардо Тормо во Валенсија како дел од промотивен настан за нивниот заеднички спонзор, Монстер Енерџи.

Шесткратниот шампион, Хамилтон, ќе го вози моторот на Роси, што следува по тестот минатата година во кој возеше Јамаха Р1М супербајк.

Многу сум возбуден околу сето ова. Тоа што ќе бидам на иста патека како и Валентино ќе биде многу, многу интересно и голема чест, бидејќи тој е икона во спортот. Ќе биде кул да го видам него во мојот болид – изјави Хамилтон.

Роси ќе го вози болидот В08 од 2017 година, а ја заврши пробата на седиштето неделава, споделувајќи слики на социјалните мрежи.

Валентино последен пат тестираше Формула 1 болид пред 10 години кога возеше болид на Ферари од 2008 година на патеката Каталуња.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ