Вилнев: Макс не може до титула со Хонда

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, не верува дека Макс Верстапен може да стигне до Формула 1 титулата следната  година со Хонда мотор во својот болид, затоа што, според канаѓанецот, јапонците не се шампионски материјал.

Макс стигна до 3то место кај возачите оваа година во која стигна до две пол позиции и три победи, но и 135 поени заостаток зад првакот Луис Хамилтон. Сезонава ја заврши со повеќе делови во моторот од предвиденото, а Хонда искористи повеќе мотори сезонава од било кој друг производител.

Вилнев смета дека фактот што Ред Бул зависи од свежите мотори и казните кои се добиваат со нив го елиминира Верстапен од сериозна борба за титула.

хонда може да издржи само 3-4 трки со еден мотор, а тоа не е на ниво на ферари и мерцедес затоа што тие можат и по 7 трки со еден агрегат.

Тој смета дека јапонците ќе мора да ја жртвуваат моќта за да добијат животен век од моторот, но свесен е дека Ред Бул имат капацитет да минат преку тоа благодарение на умниот Адриан Њуи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ