Матео Боби: Ферари подготвува два болиди за сезонава

Поранешниот тест возач на Минарди, италијанецот Матео Боби, смета дека Скудерија Ферари подготвуваа два болиди за следната година, откако се посилни беа пишувањата дека пакетот од Маранело има големи аеродинамички проблеми во пресрет на почетокот на сезоната.

Лани Мерцедес дојдоа со многу основен модел за време на првата недела од зимските тестови, а финалниот болид дојде за време на вторите четири денови кога беа значително посилни. Боби смета дека Скудерија ќе го следат тој пример сезонава.

се зборува дека ферари, како и мерцедес лани, ќе донест две верзии од болидот на тестирањето. првата недела ќе имаат основна верзија со аеродинамика која нема да откри ништо, а потоа ќе дојде финлната верзија која ќе биде блиску до она што ќе го возат во мелбурн. тоа е стратегијата која мерцедес ја користеа лани – смета боби.

Поранешниот возач смета дека во Маранело во текот на зимата биле сконцентрирани кон аеродинамиката и промена на концептот со цел да се генерира повеќе потисна сила низ кривините.

работеа и на моторот, но истиот не беше многу засилен затоа што веќе е одличен, туку подобрена беше ефикасноста.

лани нивниот мотор имаше многу моќ, но трошеше многу гориво, повеќе од мерцедес и хонда во ред бул.

не очекува драстично поразлични болиди годинава затоа што правилата се исти и очекувам да има само еволуција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ