Актуелниот првак, Луис Хамилтон, ги демантираше шпекулациите околу неговата иднина во спортот, откривајќи дека тој и Мерцедес сеуште ништо не дискутирале.
Британецот е дел од тимот од Вокинг од 2013 година, а сезонава му истекува последниот двегодишен договор кој го има потпишано. Претходно најави дека сака да остане во Мерцедес, иако не криеше дека е привлечен од историјата и традицијата на ФЕрари.
За време на последната ланска трка во Абу Даби, Тото Волф процени дека постои можност од 25% возачот да замине од Бракли.
Во текот на зиматс младите Макс Верстапен и Шарл Леклер потпишаа за своите екипи, Ред Бул односно Ферари, нови долгогодишни договори, така што се поизвесно е останувањето на шесткратниот шампион кај “сребрените“.
Италијанскиот и шпанскиот печат тврдеа дека порди тоа што Мерцедес не успеале да го донесат Верстапен, а Луис дознал за тоа, неговите апетити во однос на вредноста и должината на договорот нагло пораснале.
во моментов никакви разговори не се водени, а весниците само измислуваат – напиша хамилтон на својот инстаграм профил.
Луис има пет титлу и 63 победи со Мерцедес од 2013 година кога стана нивни возач.