? Рикардо со посебна кацига во чест на Коби Брајант

Првиот ден од предсезонскиот тест Даниел Рикардо го одработи со посебна заштитна кацига со мотив со кој му оддаде почит на кошаркарската легенда, предвреме починатиот Коби Брајант.

Кацигата беше главно во лилакова боја, заштитна за Лос Анџелес Лејкерс, а со големи букви во задниот дел беше напишано ‘Mamba Mentality’.

На страничниот дел од кацигата, поточно на едната страна имаше напишано КБ24, а на другата КБ8 во чест на броевите на дресот кој Коби ги носеше во својата и тоа како успешна кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ