Тринаесеттиот ден од Мај во 1950 година беше денот на случување на првата Формула 1 трка во историјата. Тогашните болиди за прв пат го видоа светлото на денот во Силверстон по што британскиот автодром стана дел од бесмртните. Во продолжение се 10 фантастични работи и неверојатни факти за првата Формула 1 трка.
- Трката имаше две имиња – Трката најпрво се викаше Европско Гранд При затоа што беше прва трка надвор од Франција или Италија, но поради местото на одржување, организаторите ја викаа Британско Гранд При
- Патеката почнуваше од Вудкот – Од 1952 година се до 2011 година, Вудкот е последна кривина на Силверстон, но на почетокот тоа беше прва кривина на патеката и прва кривина на Формула 1 болид.
- Комплетното Кралско семејство беше во публика – На денот на трката крај патеката имаше 120.000 гледачи, меѓу нив секако најважен беше Неговото Кралско Височество Кралот Џорџ VI кој следеше трка заедно со Кралицата Елизабета и Принцезата Маргарет.
- Се тркаа и Тајландски Принц и Швајцарски Барон – Тајландскиот Принц Бирабонгсе Банудеџ Банубанд попознат како Принц Бира како и Баронот Емануел Туло де Гафенрид беа помеѓу учесниците.
- Презимирањата на тројцата фаворити за победа почнуваа со “Фа“ – Алфа Ромео 158 беше 13 години стар тркачки автомобил, но италијанците и нивните возачи беа фаворити. За тимот тогаш возеа Џузепе Нино Фарина, Луиџи Факиоли и Хуан Мануел Фанџо кои во тоа време беа познати како “тројцата Ефови“. Победи Фарина со 2,6 секунди пред Факиоли, но Парнели исто така на Алфа заврши пред Фанџо.
- Дивите животни премногу се доближија – Болидот на третопласираниот Парнели имаше многу среќа кога удри во зајак, а слична судбина имаа уште два автомобили на Алфа.
- Просечна возраст на возачите беше 39 години – Компаративно, просечната возраст на возачите кои требаше да се тркаат во Австралија е 26. Најстари на гридот во 1950 година беа Етанцелин (53), Факиоли (51) и Широк (50), додека британецот Кросли беше најмлад со 29 години.
- Џез музичар заврши на 11то место – Џони Клаес, познат џез музичар имаше успешна трка и финишираше 11ти со својот Талбот и 6 кругови заостаток зад победникот Фарина.
- БРМ го покажаа својот болид пред трка – Новиот и надежен британски конструктор имаше многу проблеми со својот В16 Тип 15 и иако го прикажаа пред трката извозеа само неколку кругови пред вистински да дебитираат следната сезона на истата трка.
- Стирлинг Мос заврши на 2ро место во споредната трка – Тој победи на Британското Гранд При во 1955 и 1957 година, но првата Гранд При трка имаше само 20 години и заврши на 2ро место на споредната трка која беше за возила со мотор до 500 кубни сантиметри.