Верстапен посветен: Нема никогаш да го напуштам Ред Бул

Макс Верстапен најави оти сака да ја мине целата своја Формула 1 тркачка кариера во тимот на Ред Бул.

На почетокот на сезоната, тимот од Милтон Кинс потпиша договор со холандскиот возач со важност до крајот на 2023 година.

вистина е дека сакам да останам со ред бул и немам никаква намера некогаш да заминам од милтон кинс. ако продолжам да се развивам како што треба, да останам здрави подготвен за трка, ќе се тркам додека не наполнам 40 години – најави верстапен за Radio 538.

Формула 1 планира да ја почне тркачката сезона во Јули на Ред Бул Ринг без публика, а Макс нема ништо против таков вид на настан.

штета што толку многу трки беа откажани, но во оваа ситуација сите прават се што можат. мојот тренер е во монако со мене и јас немам проблем со тренинзите. ја задржав потребната физичка подготовка затоа што никогаш не знам кога ќе треба да почнам да возам.

Дека возачот е целосно подготвен да се трка, потврди и Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко.

виртуелните трки заживејаа во овој период на карантин, но тоа не е исто како и вистинското тркање иако макс многу ужива тркајќи се онлајн. веќе почна да вози на вистински патеки со приватни автомобили, во одлична физичка форма е и гладен е да почне сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ