Берни Еклстон смета дека крајот на бесплатните телевизиски преноси во Германија кои 30 години по ред ги работеше РТЛ се случува поради очигледниот пад, а можеби и прекин на кариерата на Себастијан Фетел.
Себастијан и Ферари минатиот месец објавија дека нема да ја продолжат соработката следната година, а неделава германската телевизија објави дека по три децении преноси, нема повеќе да има Формула 1 на нивните телевизиски канали.
Либерти Медиа не губеа време и телевизиските права веднаш ги продадоа на Скај Германија, но истите во иднина ќе бидат на принцип “плати па гледај“, а од РТЛ најавија дека не може да се натпреваруваат со некој кој сака да плати двојно од нив.
повлекувањето на ртл од формула 1 по 30 години е поврзно со кариерата на фетел. без него, нивната гледаност во германија ќе се намали, а ќе биде исто така интересно да се видат бројките од гледаноста во швајцарија и во австрија – анализира еклстон за швајцарски Blick.
Договорот за бесплатни преноси од страна на ОРФ во Австрија исто така истекува на крајот од оваа година, а освен Скај, за австриското подрачје заинтересираност за телевизиските права постои и од Сервус, телевизија сопственост на Ред Бул.