Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на околностите предизвикана од Ковид-19 пандемијата го приморала тимот да промени возач.

На вчерашната прес конференција Фетел откри дека бил изненаден кога Биното му се јавил и му кажал дека неговиот договор нема да биде продолжен, така што немало никакви преговори. Потоа италијанците открија дека го ангажираат Карлос Саинз од Мекалрен.

во текот на зимата секогаш му потврдувавме, приватно и јавно, дека тој е нашиот прв избор за возач за следната година. нормално е во текот на зимата да имаме понуди од повеќе возачи за место во тимот и дел од нив беа контактирани. сепак, тоа не ја промени нашата позиција затоа што тој остана прв избор.

следуваше вирусот и пандемијата која го промени сиот свет, не само моторспортот и формула 1. ограничувањето на буџетите се промени доста и се стана построго, а правилата се одложија за цела година што е многу важно за нас.

развојот на болидите беше замрзнат иако не целосно за следната година, така што огромен број на фактори се променија. како шлаг на сето тоа, сезоната не беше започната и немаше никаква шанса за него да искочи на патеката и да покаже колку е мотивиран да вози за нас, нешто што беше многу несреќно за него.

во текот на карантинот ние темелно ја разгледувавме нашата позиција по што донесовме одлука која бееш наша и зад која одговорно стоиме. потоа дојде комуникацијата со него.

чув дека бил изненаден, се сеќавам дек беше изненден и секако дека го разбирам затоа што тоа е нормална реакција. тој ја прифати нашата одлука иако знам дека дури и денеска не е среќен и задоволен со истата, нешто што пак ќе кажам дека е нормално – вели биното.

И покрај разделбата која ќе следува, Биното е полн со пофалби за придонесот на возачот низ годините.

мислам дека минавме одличен период заедно, поминаа 5 години односно 6 со оваа сезона. тој е голем шампион и одлична личност. сите во ферари и нашите фанови го сакаат и сакаат да минуваат време со него.

лично јас многу го почитувам како професионалец и како личност и тоа не е променето без разлика на одлуката која ја донесовме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ