Верстапен не смета дека Луис може да му стане колега

Макс Верстапен не смета дека постои можност Луис Хамилтон да му стане колега во Ред Бул, нешто што го најави Еди Џордан, затоа што не гледа логика во таквиот трансфер на актуелниот првак.

единствена работа која ме интересира мене е да станам првак.

не гледам зошто хамилтон би направил трансфер затоа што тој сака да стане шампион, исто како и јас.

се обиде тој да биде во вистинската екипа, а во моментов е во вистинската екипа за да освои титули, но да видие што ќе се случи – изјави макс од прес конференцијата во русија.

Холанѓанецот е во низа од две последователни трки кои не ги заврши поради проблеми со моторот, така што се надева дека во Сочи ќе го види карираното знаме на крајот од трката. Хонда направија промени во електрониката и софтверот на моторот по што очекуваат проблемите да не се повторат.

мотивиран сум да почне трката, но поважно периодов беше да ги разбереме проблемите кои ги имавме и секако да ги решиме. имавме три откажувања во 9 трки и тоа не е добро, но се обидуваме да работиме и истото да не се повтори.

Запрашан дали екипата го разбрала и отстранила проблемот, тој одговори:

мислам дека многу добро ми објаснија и се надеваме дека нема да се повторно, но во моментов не можеме да шпекулираме, треба да видиме како ќе биде на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ