Двократниот Формула 1 шампион со Мекларен, Мика Хакинен, изјави дека проблемите на Алекс Албон се поради тоа што болидот е дизајниран за стилот на возење на Макс Верстапен.
Албон ја вози својата втора сезона во Формула 1, иако Ред Бул постави високи барања од Албон тој сепак не е во можност да му парира на Верстапен. Британецот со тајландско потекло се мачи од почетокот на сезоната, а Кристијан Хорнер до сега го подржуваше Албон иако веќе е јасно дека на подршката и истекува рокот.
Хакинен смета дека болидот е правен по барања на Верстапен и тоа е причината што Албон не може да му конкурира.
Ред Бул имаат проблем што прават еден болид за повеќе трки и гледаме како тоа е проблем за Алекс Албон и заостанува по цел круг. Ова е невообичаено за Алекс бидејќи е способен возач, како и Пјер Гасли пред него, но да се вози вториот болид очигледно е проблем.
Сигурен сум дека Кристијан Хорнер го гледа ова и ќе најде решение. Болидот е правен по барањата на ВЕрсапен и тоа е проблемот и се гледа по тоа колку е конкурентен Гасли по враќањето во АлфаТаури – смета финецот хакинен.
И покрај победата на Монца, Гасли не се враќа во Ред Бул и ќе остане во АлфаТаури. Се очекува Јуки Тсухода да го превземе местото на Даниил Квјат а одлуката за Албон уште не е донесена.