Тимските шефови и веруваат на Ф1 за Саудиска Арабија

Тимските шефови на водечките екипи во спортот и дадоа поддршка на Формула 1 околу организација на Гранд При трка во Саудиска Арабија сметајќи дека тркачката серија може да има носи многу позитивности во земјата.

Во Четврток, спортот потврди дека ноќна трка низ вториот најголем град во Саудиска Арабија, Џеда, ќе биде организирана од следната година, кон крајот на истата. Официјализирањето на трката донесе незадоволство на борците за човекови права, пред се оние од Amnesty International, кои сметаат дека правата на луѓето не се почитуваат во Кралството кое на овој начин само се промовира во светот.

мислам дека спортот треба да обедини и да ни помогне да направиме подобро место од светот. мислам дека тоа го правиме со глобалното тркање и има многу позитивности околу гормула 1.

сум бил во ријад со формула е минатата година и бев импресиониран од промените кои ги забележав таму. како гостин никогаш не може да знаете што точно се случувам, но се што јас лично видов беше позитивно, видов одличен насан бев никакви поделби и сеграгации, а мажи и жени уживаа на исто место гледајќи трка.

треба да почнеме од некаде и видовме дека тоа и го правиме и јас верувам дека само на овој начин светот ќе стане подобро место – вели тото волф, првиот човек на мерцедес.

Шефот на Ферари, Матиа Биното, размислува слично како и својот најголем конкурент:

мислам дека спортот без разлика каде е, секогаш нози позитивности и мислам дека истиот праќа секогаш позитивна порака. спортот мора да се гледа само позитивно и мислам дека едноставно треба да разбереме дека тој е важен во секојдневието.

Кристијан Хорнер од Ред Бул потенцираше дека спортот и политиката не смее да се мешаат и дека Формула 1 мора да и верува на Либерти Медиа.

како што реков многу пати претходно, кога се обврзавме на формула 1, бевме свесни дека немаме можност да диктираме каде ќе се тркаме и дека нема никој да бара согласност од нас за секоја трка. му веруваме на сопственикот на комерцијалните права кои сигурен сум дека направиле соодветно истражување и донеле одлука во најдобар интерес за спортот.

ние не сме политичка организација и спортот и политиката ниогаш не треба да се мешаат. поради тоа им верувам дека ќе донесат вистински одлуки и без разлика што ќе изберат, со обврската кон шампионатот, ние ќе се тркаме и ќе дадеме се од себе да бидеме колку што можеме посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ