Ферари мора брзо да најдат решение за проблемите кои се појавија на Големата награда на Франција.
Возачите на тимот и Матиа Биното признаа дека имаат проблеми и ниту еден болид со Ферари мотор не освои поен.
Нешто беше погрешно. Со нула освоени поени ни исчезнаа надежите од претходните трки. Енцо почина пред 33 години и се превртува во гроб кога некој му кажува дека Вилијамс и АлфаТаури завршија пред нас – смета швајцарскиот инженер.
Алфа Ромео и Хаас исто така имаа проблеми, но Биното смета дека тоа е поради гумите, а не моторот.
Имаше големо трошење на гумите и тие прегреваа.
Пирели повторно одлучи да го зголеми притисокот во гумите овој викенд, а италијанецот смета дека можеби тоа е проблемот.
Треба да видиме, можеби тоа е проблемот.