Ботас доби пет места казна за Белгија

Финецот од Мерцедес, Валтери Ботас, доби казна од пет места на гридот поради инцидентот на стартот на Унгарското Гранд При каде четири болида отпаднаа од трката само поради неговата глупост.

Ботас имаше лош старт и беше престасан од Ландо Норис пред првиот свиок. Тој не успеа да докочи, се прецени и удри во Норис кој продолжи директно во Макс Верстапен и Серхио Перез.

По сударот, Ботас и Перез веднаш сопреа и не ја завршија трката додека Норис стигна до боксот под црвено знаме, но поради оштетувањата не успеа да продолжи. Норис откри дека Ботас се извинил за инцидентот, но стујардите го истражуваат сударот.

По истрагата Ботас, доби казна од пет места на гридот за наредната трка и 2 казнени поени на неговата супер лиценца.

По стартот, во зоната на сопирање во првиот свиок, болидот 77 (валтери ботас) удри во задниот дел на болидот 4 (ландо норис). Стујардите ги земаа во предвид условите на патеката и болидот 77 е целосно виновен за сударот – гласи соопштението од контролата на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ