Тото Волф јавно се извини на Ред Бул откако Валтери Ботас ја уништи трката на Макс Верстапен и Серхио Перез.
Грешката на Ботас од првиот свиок приреди драма на трката за Големата награда на Унгарија, при што елиминирани беа Серхио Перез, Валтери Ботас и Ландо Норис додека болидот на Верстапен беше доста оштетен. Волф не се обиде да бара изговори и веднаш се извини на конкурентите од Ред Бул.
Целосно ги разбирам како се чувстувваат. Ние сме виновни. Мала грешка и доцниш на сопирачките и правиш судар посебно на дожд.
Мислам дека валтери беше во сендвич во моментот кога се обиде да затвори. Мала грешка предизвика голем инцидент и не чинеше доста поени – објасни австрискиот шеф на мерцедес.
Волф се извини јавно на Ред Бул и не побегна од изговор.
Тука сум јавно да го сторам тоа. Се извинувам за тоа. Работите се случуваат со причина и тоа е нашата карма. Можеби затоа не ги земавме сите поени денеска.