Матиа Биното објасни дека проблем со семафорот била причината поради долгото застанување на Карлос Саинз во боксот во Турција.
Шпанецот имаше одлична трка на Истанбул Парк и беше прогласен за Возач на денот откако стартуваше од 19то место, а фнишираше на 8ма позиција. Можеше да дојде и да пдобар пласман, но промената на гуми му траеше предолги 8 секунди, со што загуби шанса за топ 6 пласман.
Биното откри дека проблемот бил семафорот кој му кажува на возачот кога промената е завршена и може да тргне.
промената на гуми заврши во нормално време, но мануелниот семафор кој требаше да сигнализира дека процедурата е завршена не покажа зелено светло. она што направи проблем е фактот што семафорот е мануелен и мораме да анализираме каде беше грешката. штета, затоа што промената беше заршена – објасни биното.
Карлос ја заврши трката со само 7 секунди зад Пјер Гасли и четири секунди зад Ландо Норис, дефинитивно шпанецот можеше до подобар пласман и повеќе поени со подобра промена на гуми.