Хорнер откри дека Ред Бул заостанувале во Катар поради 6та кривина

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека слабоста на една кривина во Лосаил била причина зад дефицитот кој неговиот тим го имал во однос на Мерцедес на минатонеделната трка.

Луис Хамилтон со Мерцедес доминираше на Катарското Гранд При минатиот викенд за втора последователна победа и намалување на заостатокот зад Макс Верстапен на само 8 поени на две трки пред крајот на сезоната. Верстапен од своја страна имаше викенд на кој требше да ја намали штетата отако беше казнет со пет позиции поради непочитување на двојно жолто знаме за време на квалификациите.

имаше една кривина која не мачеше цел викенд поради која не успевавме да се доближиме до мерцедес, а тоа е 6та кривина, најбавната на патеката, тесна лева кривина. губевме две десетинки по круг таму од петок до недела само на таа кривина и мислам дека под итно треба да разбереме зошто тоа беше така и како да се подобриме – откри кристијан хорнер.

Со долгите правци и летечки кривини, Џеда се чини дека ќе одговара на Мерцедес, особено поради тоа што Хамилтон ќе се врати на најсвежиот мотор кој го зема во Сао Паоло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ