По Формула Е, Масерати не отфрла враќање и во Ф1

Извршниот директор на Масерати, Давид Гросо, изјави дека враќање на брендот во Формула 1 не е нереален проект. 

Деновиве време беше потврдено дека Масерати се приклучува на Формула Е гридот од новата сезона 2022-2023, бидејќи ја гледаат како платформа за развој на електричен погон за нивните спортски возила. Масерати е дел од Стелантис Груп (Фиат, Алфа Ромео, Ланча, Ферари) кои не сакаат да заврши тука со тркачките серии. 

Масерати беше во Формула 1 од самиот старт во 1950 година се до 1958 година и имаат една титула со Хуан Мануел Фанџо во 1957 година. Како доставувач на мотори, продолжија да бидат присутни во спортот до 1969 година. 

Времето ќе покаже дали ќе се приклучиме. Формула 1 е врвот на тркањето. Масерати беа тука и освоија титула со Фанџо. Прашањето е целосно на место – изјави шефот на компанијата.

Формула 1 има голема трансформација оваа сезона со нови болиди и нови правила кои треба да го приближат гридот. Покрај тоа, се намалува и ограничениот буџет од 145 на 140 милиони долари. 

Во спортот треба да се направат и нови мотори од 2026 година кои повеќе треба да се потпираат на електричната сила иако ќе бидат на фосилни горива. Интерес покажаа Ауди и Порше, а сега и Масерати. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ