Другович ќе тестира Формула Е

Бразилскиот резервист на Астон Мартин, актуелниот Формула 2 првак, Фелипе Другович, ќе тестира за Масерати Формула Е тимот.

Тој го замени повредениот Ленс Строл на предсезонскиот тест во Бахреин, а сега ќе се појави на тестот за млади возачи во Формула Е, со надеж дека ќе стигне до тркачко место во електричната тркачка серија.

масерати се воодушевени што може да по потврдат дека фелипе другович и хју бартер ќе го формираат тандемот за претсојниоттест за дебитанти во мерлин во понеделник на 24 април – потврдија од италијанската екипа.

Последниот тест во Формула Е за дебитанти се случи во сезоната 2019/2020 и се користеше за проценка на таленти.

не можам да дочекам да го имам моето прво возење со формула е болид на масерати во берлин. електричната тркачка серија секогаш ме фасцинира и ќе биде одлично искуство да се пробаат такви болиди, различно со се што сум возел до сега.

ќе имам активна улога во развојот на толку историски слабен бренд во светскиот мотор спорт и тоа ќе биде вистинска чест за мене поради што сум возбуден – објасни другович.

Масерати дебитираше во Формула Е лани и во моментов Едуардо Мората и Максимилијан Гунтер возат за нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ