Зек Браун: Не би ме изненадило ако Хамилтон се откаже

Шефот на Мекларен, Зек Браун, предупреди дека шефовите на спортот не треба да претпоставуваат дека Луис Хамилтон ќе се трка догодина по контроверзниот крај од сезоната кога не успеа да стигне до својот 8ми наслов во кариерата.

37-годишниот британец не дава никакви изјави по ланското финале во Абу Даби, а медиумите шпекулираат дека ги чека заклучоците од истрагата на ФИА за последната трка пред да реши дали ќе продолжи да вози или не.

не би бил изненаден ако се откаже од формула 1 и никој не треба да зема здраво за готово дека тој ќе биде во апдокот догодина. лично мислам дка ќе се врати, но не смееме да ја потценуваме и фрустрацијата и гневот кој е насобран во него.

не мислам дека треба да отпишуваме некаква опција, мислам дека сеуште има желба да се докаже и да ја освои рекордната титула – смета американскиот шеф на мекларен.

Останувањето или заминувањето од спортот на најголемата ѕвезда во Формула 1 е жешка тема кај медиумите кои ја следат тркачката серија зимава, а притисокот е кон ФИА и нивниот извештај.

мислам дека не е подготвен да се повлече и мислам дека нема да дозволи инцидентот и случувањата од последната трка да го пензионираат.

Тој не сака да ги коментира одлуките на Маси иако многумина сметаат дека е неодржливо австралијанецот да продолжи да биде директор на трка во Формула 1. Зек смета дека спортот треба да се врати на времето кога Чарли Вајтинг, претходникот на Маси и неговиот заменик Херби Блашк, многу успешно контролираа се.

Зек има целосна верба во новиот шеф на ФИА, Мохамед Беб Сулајем дека ќе го разреши недоразбирањето.

минавме долго време во разговори со него и верувам дека че ги направи вистинските промени, а одличен е затоа што редовно се консултира. веќе имаше состаноци со сите екипи да ги чуе нашите мислења и мислам дека ќе биде одличен претседател.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ