Поранешниот првак, Жак Вилнев, верува дека главен приоритет на Џорџ Расел е да го победи Луис Хамилтон и така да напредне во кариерата.
Расел имаше одличен старт на сезоната по три години поминати во Вилијамс и покрај ограничувањата на Вилијамс тој успеа да научи доста и сега е брилијантен во Мерцедес.
Тој стекна доста искуство возејќи со лоши и тешки болиди. Сега тој повторно се справува со тешкиот Мерцедес кој потскокнува. Тој знаеше дека нема победнички болид.
Доколку го победи Луис, неговата кариера ќе оди напред. Двајцата се британци и тој сака да е подобриот. Тој прави се што треба за да го победи Луис – вели канаѓанецот.
Хамилтон освои шест од седумте последни титули со Мерцедес, а Вилнев е сигурен дека инженерскиот успех на тимот од Брекли е клучен за тие титули.
Тие го имаа најдобриот болид во последните години. Доколку ги земеме Прост и Сена кои освоија титули без колега, тогаш ќе видиме дека не е исто со Шумахер и Луис. Луис го имаше Розберг и подоцна Розберг се откажа.