Албон призна што му недостасувало во Ред Бул

Алекс Албон се присети на времето во Ред Бул и признава дека денеска различно би гледал на тоа искуство кое го имал. 

Тој смета дека немал доволно искуство и поради тоа не можел да напредува во тимот. По една сезона во Торо Росо, тој доби шанса да го замени Пјер Гасли кој не можеше да му парира на Верстапен. Иако освои поени сепак не беше задржан во тимот и на крајот на 2020 годиан беше заменет со Серхио Перез, по што остана да биде тест и резервен возач пред да се врати на Формула 1 гридот оваа година со Вилијамс. 

Мислам дека сега сум подобро подготвен. Не се купува искуство и знам дека За се треба време. Иако не бев во формула 1 минатата година, сепак мислам дека сум поподготвен од претходно – посочи британецот со тајландско потекло.

Што погрешил во 2019 година, тој смета дека не било нешто големо, но дека чекорот бил преголм за него. 

Не би рекол дека нешто погрешив затоа што Тоа би било претерување. По половина година во Формула 1 преминав во врвен тим. Тоа е прерано за било кој возач. Денес јуниорите поспоро се развиваат. Јас се мачев со болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ