Кристијан Хорнер откри дека Ред Бул жалат што ја пропуштиле шансата да го поптишат Оскар Пиастри во својата Академија за млади возачи пред неколку години.
Ланскиот Формула 2 првак ќе дебитира за Мекларен догодина откако беше дел од недоразбирање околу договорните обврски помеѓу Мекларен и Алпин. Тој израсна во младинскиот погон на Алпин академијата, но тимот немал валиден договор со него за следната сезона. Тоа го искористи Мекларен и пред Бордот задожен за решавање на проблеми околу договорите докажа дека австралијанецот и нивни пилот.
тој возеше за арден во формула 4 и формула рено и беше добар талент. имаше можност ред бул да го земат кај себе во тоа време, но не ја искористивме таа опција, а од денешен аспект жалам за тоа. но, тоа што потоа го постигна како формула 2 и формула 2 првак во две години е феноменално.
ако беше наш возач секако дека ќе ги осигуравме неговите обврски за подолго време, но не сакам да зборувам што имал потпишано, а што не. секако дека такво недоразбирање е неочекувано за мене – посочи хорнер.
Арден, тимот каде Пиастри своевремено возел е делумна сопственост на Кристијан Хорнер. Оскар возеше за нив во Формула 4 Британија и Формула Рено Еурокуп во 2017 и 2018 година пред да стане дел од Академијата на Рено во 2020 година со чија помош ги освои Ф3 и Ф2.