Верстапен: Дозволено е да ги критикувам Ред Бул за грешките

Актуелниот шампион, Макс Верстапен, изјави дека треба да му е дозволено да го критикува тимот кога прави грешки за да може да постигне перфекција. 

Холанѓанецот се фрустрираше од последниот круг на квалификациите откако мораше да се откаже и да се повлече во боксот бидејќи немаше повеќе гориво и мораше да остави одредено количество за ФИА да земе примерок и да не биде дисквалификуван. Така, утрешната трка ќе ја стартува од осмата позиција. 

Знам дека критикував, Но кога ќе се направи грешка, мора да се каже дека било грешка, Мора да се знае тоа за да се движиме во вистинска насока . Мора да сме перфектни. Мислам дека ми го видовте ликот и тоа што го кажав на радио.

Верстапен е сигурен дека од боксот морало точно да знаат колку кругови може да изврти. 

Мислам дека бев изненаден што иамв екстра круг, Но тоа мора да се следи и Не смее да се направи грешка. Требаше да ми дозволат да го довршам кругот пред да се откажам за да направам простор.

Секако ова беше поради тоа што Пјер беше пред мене. Се потрудив да направам простор помеѓу него и мене, но тоа не е изговор. Јас не знам колку гориво има во болидот затоа што Има сензори за тие работи, Но беше многу фрустрирачки бидејќи болидот беше одличен. Во такви тешки услови беше одличен. 

Сепак Верстапен сметал дека ќе биде побрз од претходно во последниот круг. 

До моментот во последниот сектор бев две секунди понапред и мислам дека имав две секунди. Сепак успеав да се спасам и да не завршам во ѕидот. Нормално доколку имав гориво ќе бев побрз. Дефинитивно ќе бев на пол. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ