Тото Волф изјави дека Луис Хамилтон не се откажал иако има лош старт оваа сезона.
Според шефот на тимот, Хамилтон сеуште сака да дојде до осмата титула иако е свесен дека В14 нема да му ја даде таа можност, но на наредните трки се очекува да се промени концептот на болидот.
Тимот направи и промена на техничкиот тим каде Мајк Елиот е заменет од Џејмс Алисон и Волф е сигурен дека Хамилтон останува на мисијата да стане шампион.
Мислам дека тој сеуште е силен, но нема да се бори за титила оваа година. така е во моментов.
Сакаме да му дадеме болид со кој би можел да се бори за победи и да стигне до осмата титула – посочи тото.
Волф смета дека Хамилтон сеуште е мотивиран да постигне успех иако имаат тежок период.
Не се сомневам дека сеуште е мотивиран во тоа што го работи. Ние имаме одлично пријателство кое трае повеќе од 10 години и мислам дека сме добри.