Мерцедес се обиделе да го донесат Адриан Њуи во нивните редови пред тој да го продолжи договорот со Ред Бул изминатиов месец.
Ваквите вести ги потврди и доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул.
Господинот Волф нема комплетна доверба во неговите луѓе дека може да го решат проблемот со болидот – “пецна“ Марко.
Се појавија гласини дека Ферари сака да го донесе Пјер Ваче, техничкиот директор на Ред Бул како замена за предвремено пуштање на Лорен Мекиес во АлфаТаури. Марко го потврди и тоа.
Сакаме Ферари да е конкурентен, Но вака не одат работите. Ова не е пазар, Но и Пјер не сака никаква промена.