Верстапен жали што Хонда заминува

Макс Верстапен жали на тоа што Хонда ќе замине од Ред Бул и ќе почне да работи со Астон Мартин од 2026 година.

Неделава Астон и Хонда официјално потврдија дека ќе соработуваат од почетокот на новат генерација мотори откако јапонците официјално се повлекоа по крајот на 2021 година, но останаа преку својот ХРЦ бренд многу да му помагаат на Ред Бул и силно да бидат вклучени во спортот.

Нејасна беше иднината на Хонда во Формула 1 по 2025 година затоа што Ред Бул Пауертреинс веќе објавија дека ќе соработуваат со Форд, а Хонда го имаше потврдено своето официјално враќање во спортот, но немаше потврдено која екипа ќе ја снабдува.

јас мислам дека е малце несреќно како ќе заврши нашата соработка затоа што пред неколку години тие рекоа дека ќе престанат и ќе заминат и ред бул основаше свој оддел за мотори, но потоа рекоа дека ќе продолжат. за жал, штом почнувате да градите фабрика за мотори, нема назад, нема престанување.

секогаш имавме одличен однос со нив и жалам што ќе си одат во астон мартин, но ние сме мног возбудени за она што ќе го донесе 2026 година и што ќе се случи при нашата соработка со форд. тоа е што е, пред неколку години мислевме дека заминаа, но сега остануваат и не со нас. одлично е за астон затоа што ќе добијат фантастичен мотор, во тоа сме сигурни.

ми се допаѓаше соработката со нив, имавме големи заеднички успеси така што сигурно дека нема да ми биде сеедно нивното заминување. ми се допаѓа тоа што луѓето на хонда остануваат, но жалам што нема да работат со нас – објасни верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ