Макс Верстапен водеше со неверојатни 19 секунди на крајот на трката во Монако и се чинеше дека не попушта, а потоа објасни зошто не го намалил темпото при крајот.
Поради огромната брзина која тој ја имаше, на еден момент дури и удри во заштитната бариера.
Мојот инженер ме прашуваше зошто не забаван, но јас имав ритам и сакав така да остане. Во еден свиок ја допрев бариерата затоа што Сакав да бидам побрз, но тоа ме смири.
Знаеш дека си добар кога имаш ритам и ако забавиш може да ги оладиш гумите. Иако тие не беа доволно загреани. Подобро беше да остане така и да си бидам во моја зона – објасни актуелниот лидер во шампионатот.