beIN Sports ги купија правата за голем дел од Азија

Формула 1 склучи повеќегодишен договор со катарската државна телевизија, beIN Sports, кој покрива пренесување на Формула 1 на 10 територии во Азија.

Договорот е валиден од почетокот на оваа сеона до крајот на 2025 година а ги покрива Хонг Конг, Сингапур, Малезија, Брунеи, Индонезија, Тимор-Лесте, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Филипини. Беин ќе ги имаат ексклузивните права да ги пренесуваат сите сесии, квалификациите и трките на сите 23 Гранд При тркачки викенди.

Катар се повеќе ја зголемува својата вклученост во Формула 1, земјата организираше трка пред две години, а од сезонава тоа редовно ќе се прави. Исто така, се посилни се шпекулациите дека нивниот државен Катар Ерврјз ќе ги замени Емиратс како глобален Формула 1 партнер.

многу сме возбудени што ја додаваме формула 1 на нашите програми и продолжуваме да инвестираме во нашата спортска програма на задоволство на нашите гледачи. со огромниот раст на формула 1, раст на кој сме сведои во последно време, нетрпеливи сме да работиме со нив на зголемување на базата на фанови и проширување на нови пазари – изјави мајк кер, оперативниот шеф на беин задолжен за азија и пацифик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ