Абитебул: Шефовите треба да дискутираат за нова соработка на Ред Бул и Рено

Шефот на Рено во Формула 1, Сирил Абитебул, признава дека разговорите за можно снабдување на Ред Бул со мотори треба да се води на највисоко ниво во двете компании.

Абитебул ја префрли одлуката кај извршните директори Лука де Мео, Главниот извршен директор на Рено и сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешич, наместо за тоа да преговара тој со Кристијан Хорнер.

Односите помеѓу Абитебул, Хорнер и доктор Марко не се добри и може да се блокира евентуална соработка помеѓу двете компании која претходно заврши на крајот од 2018 година. Рено е главна опција за Ред Бул доколку тимот не најде начин да ги задржи моторите на Хонда.

Според правилата на ФИА, Рено е обврзан да ги снабдува со мотори Ред Бул и АлфаТаури доколку тие не најдат нов доставувач затоа што како производител ќе снабдува најмалку екипи со мотори во 2022 година.

Де Мео беше фатен на камера со Хорнер, Марко и Абитебул пред моторхоумот на Ред Бул на Нурбуринг.

Доколку ме прашувате за нивото на комуникација, мислам дека најчесто имам зборувано со Марко за овие работи. Очекувам тоа да остане исто, Но сепак мислам дека Матешич и де Мео треба да разговараат.

Во моментов нема никакви разговори. Мислам дека Ред Бул сеуште се справува со шокот од Хонда и нема нови вести. Мислам дека сеуште се трудат да си ги разгледаат опциите. Кога ќе дојде време ќе разговараме – најави сирил.

Абитебул смета дека нема потреба од брзање бидејќи правилата за достава на мотори стапуваат на сила наредната година.

Како што кажав и претходно, за правилата не може да ни побараат набавка на мотори пред средината на мај, доколку тимот нема договор за 2022 година. Има уште време до тогаш, Кој знае што ќе се случи.

Очигледно другите три производители ќе останат до тогаш. Природно е разговорите да се водат со нив. Нема многу шанси за надворешни разговори. Ова е неизбежно доколку останувате без мотор за 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ