Австрија, Квалификации: Верстапен “за влакно“ пред Леклер, Перез повторно елиминиран

Макс Верстапен ја освои пол позицијата пред Шарл Леклер и Карлос Саинз од Ферари.

Неговото најдобро време од 1:04.391 беше доволно добро за да биде 0.048 секунди пред Леклер, а дополнително 0.142 секунди пред Саинз.

Ландо Норис ќе стартува покрај Саинз по своите најдобри напори и со помош на подобрениот Мекларен МЦЛ60, додека Луис Хамилтон ја заокружува првата петорка.

Ленс Строл беше побрз во квалификациите од Фернандо Алонсо и ќе стартува од шестото место пред шпанецот.

Нико Хулкенберг го извлече максимумот од својот Хаас и се пласираше на осмата позиција, следен од Пјер Гасли од Алпин.

Алекс Албон имаше уште еден одличен настап во К3 и се пласираше на 10то место.

Серхио Перез не успеа да се пласира во К3 четврти пат последователно, откако беше избришано неговото време во кругот во последните моменти од К2 и мизерната форма за Мексиканецот продолжува.

Џорџ Расел успеа да стигне само до 11то место, додека покрај него во вториот квалификациски сегмент беа елиминирани и Естебан Окон, Оскар Пиастри, Валтери Ботас и Перез кој ќе стартува од 15то место.

Во првиот сегмент беше јасно дека ќе следуваат казни со бришење на најбрзите кругови, особено по надминување на границите во свиокот 9 и 10.

Во истиот елиминирани беа Јуки Цунода, Жу Гуанју, Логан Сарџент, Кевин Магнусен и Ник де Врис кој ќе стартува од последната позиција во Недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ