Австрија, Спринт: Фантастично возбудлива трка и 1-2 за Ред Бул

Формула 1 Спринтот во Австрија понуди возбуда од самиот почеток на трката, но победник на крај сепак беше Макс Верстапен.

Серхио Перез се подобри по вчерашните квалификации и се пласираше на второто место, зад својот тимски колега. Третото место му припадна на Карлос Саинз.

Дуото на Астон Мартин, Ленс Строл и Фернандо Алонсо, искористија неколку ситуации пред себе како и промена на гумите, за да се пласираат на 4то и 5то место.

Херој на денот е секако Нико Хулкенберг. Стартувајќи од 4то место, се издигна на 2та позиција, беше очекувано претекнат од посилните болиди, но на крајот во најправилниот момент влезе во бокс по медиум гуми, откако патеката се исуши. Хулкенберг ги заслужи почестите и се пласираше на 6то место откако ги претекна Окон и Расел пред себе.

Французинот се пласираше на седмото место, пред Расел од Мерцедес. Со подобрениот Мекларен МЦЛ60, Норис возеше до крајот на интермедиа гуми, но тоа се покажа како лоша одлука.

Луис Хамилтон го заокружи топ 10, но сепак може да се каже дека ова беше катастрофален ден за Сребрените Стрели кои сигурно посакуваа поголем резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ