Австрија, Т1: Верстапен очекувано најбрз, Ферари изненадија

Макс Верстапен беше најбрз на единствениот тренинг пред Австриското ГП и покрај тоа што не користеше комплет на софт гуми.

Возачот на Ред Бул заврши 0,241 секунди на медиум пневматици пред Карлос Саинз и Шарл Леклер, кои импресионираа со формата во Ферари, но со софт гуми.

Луис Хамилтон беше половина секунда за најбрзиот за Мерцедес, само побрз од Серхио Перез во вториот Ред Бул откако водечкиот тим во шампионатот тргна по поинаков стратешки пат на почетокот на викендот.

Ленс Строл беше водечкиот Астон Мартин на шестото место пред Кевин Магнусен од Хаас и неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, додека Џорџ Расел и Жу Гуанју ги заокружија првите 10.

Возачите директно се упатуваат кон квалификациите со почеток од 17:00 часот по македонско време, додека во утрешниот ден не очекува Спринт Shootout и Спринт трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ