Австрија, Sprint Shootout: Верстапен најбрз, Хамилтон и Расел најголеми жртви

Макс Верстапен ќе стартува на денешната Спринт трка од пол позиција, откако го постави најбрзиот круг со време од 1:04.440.

Тимскиот колега Серхио Перез се искупи по вчерашната грешка и ќе стартува веднаш покрај Холанѓанецот на второто место, додека третопласиран во Престрелката беше Ландо Норис од Мекларен.

Одличен настапи во последниот сегмент имаше Нико Хулкенберг од Хаас кој ќе стартува 4ти, освен ако стјуардите не му доделат казна, додека топ 5 го заокружи Карлос Саинз од Ферари.

Второто Ферари возено од Шарл Леклер ќе стартува од шестото место, следено од Фернандо Алонсо и Ленс Строл на осмата позиција. Топ 10 го заокружија Естебан Окон и Кевин Магнусен со вториот Хаас.

Во вториот сегмент од Спринт Престрелката беа елиминирани Алекс Албон, Пјер Гасли, Јуки Тсунода, неговиот колега Ник де Врис и уште едно големо име, Џорџ Расел кој ќе стартува 15ти. Одлични перформанси од двајцата возачи на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен кои се пласираа во последниот трет сегмент, но Хулкенберг е под истрага поради небезбедно испуштање од бокс.

Стјуардите ќе треба да истражат и неколку попречувања кои се случија на самиот крај од вториот дел од Престрелката.

Во првиот елиминациски сегмент од престрелката, најголема жртва беше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој ќе стартува од 18то место. Не по вина на Британецот, но патеката во голема мера еволуираше во завршната фаза и Хамилтон се најде во погрешно време на погрешно место.

Покрај него, од задните позиции во попладневниот Спринт ќе стартуваат Жу Гуанју како 16ти, Оскар Пиастри, Хамилтон 18ти, па потоа Валтери Ботас на 19то место и Логан Сарџент за Вилијамс на 20та позиција.

Спринт трката е закажана за 16:30 часот по македонско време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ