Аиткен добива петочна сесија во Абу Даби

Џек Аиткен ќе ја добие првата петочна тренинг сесија сезонава откако Вилијамс потврдија дека ќе одработи 60 минути во нивниот болид на последната трка од сезоната.

Тој е резервист во тимот од минатата сезона, а на Шакирското Гранд При во 2020 година го менуваше Џорџ Расел, кој го менуваше Луис Хамилтон во Мерцедес.

Аиткен претходно беше тест возач на Рено, ќе го вози ФВ43Б болидот во Абу Даби, а сезонава се трка во Формула 2 и ГТ серијата, каде имаше голем судар и излезе повреден од возилото на Спа во Јули.

На почетокот од сезонава, три тестови со актуелниот пакет на тимот имаше Рој Нисани, така што Аиткен ќе биде вториот тестер на болидот. Вилијамс веќе потврдија дека Николас Латифи и Алекс Албон ќе бидат нивни возачи следната година, а во тимот како тест возачи ги има и шампионката во В серијата, Џеми Чадвик како и лидерот во Формула 3, Логан Сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ