Сарџент постави цел за следните трки со Вилијамс

Возачот на Вилијамс признава дека вози поблиску до границата бидејќи сака да му парира на неговиот тимски колега Алекс Албон.

Тимот имаше два натпреварувачки викенди на Ред Бул Ринг и Силверстон, при што Алекс Албон комотно можеше да конкурира за поени додека Сарџент беше блиску до топ десет.

Вилијамс сега се најде во тесна битка со Хаас и Алфа Ромео, откако нивниот болид почнува да импресионира на патеките со голема брзина и поредовно ги завршува квалификациите во К3.

Сарџент ја постигна својата најдобра квалификациска позиција на 14то место на неодамнешното Британско ГП.

Американецот за медиумите изјави дека треба да продолжи да се надоврзува на овие перформанси ако сака да го зголеми нивниот број на поени:

Ова беа добри два викенди едно по друго и треба да продолжиме да го градиме ова.

Чувствувам дека почнувам да возам многу поблиску до границата и поправилно до она што му треба на болидот.

Значи, сè се собира полека, но сигурно, и ако продолжиме да се надградуваме на ова, на крајот ќе дојдеме до бодовите наскоро и тоа е нашата цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ