Сарџент не е задоволен со сопствениот напредок

Американскиот возач признава дека не бил задоволен од досегашниот напредок во својата дебитантска сезона во Формула 1.

Логан Сарџент призна дека би сакал да види поголем напредок од себе во неговата дебитантска сезона со Вилијамс.

Американецот допрва треба да освои поени, но се приближи на неодамнешната трка во Силверстон со финиш на 11то место и претходно во сезоната на неговата прва трка во Бахреин на 12та позиција.

Тимскиот колега Алекс Албон покажа дека ФВ45 е способен да заврши во поени, а тимот ги покажува своите сили на брзи патеки со висока брзина на правците.

Ова е причината зошто Сарџент очекува повеќе кога разговараше за неговата форма со медиумите:

Правам чекори во вистинската насока, но сè уште не сум таму каде што сакам да бидам.

Има уште многу работа да се заврши. Но, го гледам напредокот. Гледам дека се движиме во вистинската насока и тоа е она што е важно. Но да, сè уште се стремам да бидам подобар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ