Аиткен продолжува како резервист во Вилијамс и годинава

Вилијамс ќе продолжи да ги користи услугите на Џек Аиткен кој и сезонава ќе бид резерва во тимот откако со истата улога одработе една трка за тимот лани.

Британецот со корејско потекло го менуваше Џорџ Расел на минатогодишното Шакирско Гранд При, кој пак го замени корона вирус позитивниот Луис Хамилтон на истата трка во Мерцедес. Аиткен финишираше на 16то место и успеа да се “врати во игра“ по мал судар на последната кривина при кој го оштети предното крило и донесе безбедносно возило на патеката. Тој настан донесе голема возбуда што на крајот беше и клучно за да Џорџ Расел не победи.

Џек учествуваше и на петочната сесија на Штаерското Гранд При на почетокот на годината, возеше неколку пати во петок во текот на сезоната, а на крајот и на тестот за млади возачи во Абу Даби.

вилијамс ми го подарија најпосебниот момент во мојата тркачк кариера и поради тоа сум воодушевен што ќе продолжам да работам како нивни резервен возач и во иднина. во моето кусо време во гроув најдов многу пријатели и голема желба за успех во тимот.

професионаизмот и работните навики на сите во екипата е нешто што ме прави гордо да ја носам нивната униформа. тоа што се тркав за тимот лани на шакир беше прекрасно и имам намера да дадам колку што можам повеќе поддршка во развојот на тимот и болидот.

оваа улога ќе ја надополнам со трки во друга програма, нешто што скоро ќе го откријам и тоа ќе ми помогне и ќе добијам дополнителни вештини – појасни аиткен.

Лани тој одработи сезона и во Формула 2 тркачки се со Кампонвтора сезона откако претходната ја комплетираше за АРТ како колега на Џорџ Расел во годината кога тој стана првак. Очекувањата се дека ќе продолжи во истата серија и годинава, но неговото име се поврзува и со тркање со автомобили.

задоволни сме што ќе го задржиме Џек за оваа година. Тој има голем талент и многу брзо стана важен член од нашата екипа, а импресионираше со перформансит ена шакир лани. имаше малку време да се подготви и одработе добра трка.

тој е талентирана индивидуа и работи неверојатно напорно поради што сме нетрпеливи што ќе придонесе за нас и сезонава – појасни симон роберс, шефот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ