Алан Џонс не очекува Рикардо да се врати

Поранешниот Формула 1 прак, Алан Џонс, не верува дека Даниел Рикардо некогаш повторно ќе се врати на Формула 1 гридот.

Австралијанецот замина од спортот по крајот на минатата сезона по две разочарувачки години во Мекларен иако долго време се сметаше за еден од најталетираните возачи на гридот познат по својата способност да претекнува, нешто што беше силно воочливо при неговиот престој во Ред Бул.

Од Милтон Кинс тој мина две сезони во Рено, а потоа во пресрет на 2021 година потпиша триодишна соработка со Мекларен, но остана о длабока сенка на фантастичниот Ландо Норис. Годинава се врати како тест, развоен и трет возач на Ред Бул, како што вели, со цел да паузира и да се врати на гридот догодина.

Но, неговиот сонародник, инаку шампион со Вилијамс од 1980 година, Алан Џонс, не смета така.

мислам дека нема да добие можност да вози ред бул освен ако нешто непредвидено се случи на некои од двајцата актуелни возачи. на крајот на денот, веројатно нема причина зошто ред бул да не продолжат со серхио перез и макс верстапен на подолг рок.

исто така, не гледам место во ферари или пак возач кој би заминал таму, така што тешко да се претпостави каде би можел да се вдоми.

тој сака да се откаже од спортот со стил, но за жал, од некоја причина која мислам дека дури и самиот не ја знае, неговите перформанси потонаа.

по мое мислење, мислам дека претерано многу се концентрираше на неговит еактивности надвор од кокпитот, но ќе повторам, тоа е мое мислење – вели џонс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ