Алан Џонс не ја обвинува Клер Вилијамс

Поранешниот Формула 1 првак, Алан Џонс одби да ја обвини Клер Вилијамс за кризата која веќе неколку години владее во нејзината тркачка екипа.

Како заменик тимски шеф, таа беше дел од добрите времиња во тимот, но во последно време, во отсуство на татко и, го раководи тимот во најлошиот период од историјата на истиот. Лани екипата од Гроув го задржа своето последно место кое го освои и во 2018 година, но минатата освои само поен од 21 трка во календарот.

Австралијанецот Џонс својата шампионска титула од 1980 годин ја освои токму со Вилијамс.

се тргна наопаку и да се обвини клер за тоа навистина не е фер. лесно е тоа да се направи затоа што таа е женско, а тоа не е воопшто фер затоа што врши одлична работа и тоа кога-тогаш ќе излезе на виделина.

за вилијамс од никој и ништо кога дојдоа во спортот да бидат во позиција да освојуваат шампионски титули е нешто неверојатно. се надевам дека ќе се подобрат и ќе се вратат на врвот затоа што тие се мое семејство – посакува џонс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ